Путин се пожали на недоволно сон

Владимир Путин во разговорот со Александар Лукашенко призна дека малку спие. Според признанието на рускиот лидер, минатата ноќ тој спиел пет часа. „Лошо“, одговори на тоа белорускиот претседател.

Претседателот на Русија Владимир Путин во разговорот со својот белоруски колега Александар Лукашенко рече дека малку спие. Изјавата на рускиот претседател се слушна на почетокот на средбата на двајцата лидери во Минск. Видеото од почетокот на средбата го објави на својот сајт телевизијата „Ѕвезда“.

„Сѐ е во ред?“ – праша Лукашенко. „Добро е“, одговори Путин и продолжи: „Малку спијам. Некни спиев четири часа, синоќа пет часа“, се пожали рускиот претседател. „Лошо“, одговори Лукашенко.

Во средата Путин пристигна во Минск  за да учествува во форумот на регионите на Русија и Белорусија. Пред почетокот на пленарното заседание се одржа билатерална средба на лидерите на двете земји која потоа продолжи во проширен состав.

На средбата се дискутираше за развојот на руско-белоруските односи кои лидерите на двете земји ги опишаа како „најнапредни на постсоветскиот простор“, пренесува РБК. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња