Медиум: Без Русија Европа нема да преживее

Неопходно е да се надмине мизерната граница на Брисел и Германија и да се создаде нов сојуз од Велика Британија до Русија, пишува италијански „Ил Џорнале“.

Според мислењето на ОН, миграциските служби, папата, Матарела и Ренци, чамците кои пристигаат од африканскиот брег во Италија не сведочат за  застрашувачкиот демографски и геополитички хаос, пишува италијанското издание „Ил Џорнале“.

Доволно е да се биде дарежлив, да не се градат ѕидови, да се спасат повеќе луѓе и да се создадат нови центри за прием на бегалци - и сѐ ќе си дојде на своето место. Ниту еден од нив, сепак, не одговара на прашањето: како да се вратат во нивната татковина бегалците од азиските војни? Како да се задржи огромната маса Африканци која се преселува на север?

Се проценува дека ако се задржи сегашната стапка на наталитет во тропска Африка во 2050 година нејзиното население ќе надмине 3 милијарди луѓе – тоа е за 2 милијарди долари повеќе, и половина може да тргне кон Европа. И токму Европа треба да преземе мерки заедно со другите модерни држави да придонесе за економски развој на Африка, но пред сѐ, нагло и драстично да ја намалување стапката на наталитет таму.

Сепак, и тоа не е доволно. Европа денес го гарантира просторот на мирот и стабилноста во Средоземното Море. Тоа е неблагодарна цел која ја избегнуваат сите нејзини сојузници. За да се постигне тоа, Европа треба да ја надмине мизерната граница на ЕУ на Брисел и Германија и да создаде нов политички сојуз од Велика Британија до Русија. Сојуз, кој може да размислува и да дејствува како голема сила која го зазела местото оставено од Американците. Тоа е Европа „од Атлантикот до Урал“ за која зборуваше Де Гол, која ја вклучува целата историски европска територија, која има своја војска и има свој геополитички апарат. Тоа е силна Европа, која би можела да има привилегии во однос на азиските земји, да го обезбедува политичкиот и економски развој на медитеранските земји од Северна Африка. Единствена влада во Либија, која би ставила крај на пополнувањето на вооружените формации, треба да биде само првиот чекор во работата за нова, просперитетна, современа Северна Африка, слободна од духовите на исламизмот, која би можела да биде партнер на Европа и модел за развој на остатокот од африканскиот континент.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња