САД заинтересирани за продолжување на дијалогот за ПРО со Русија

Вашингтон потсети на неколку одбиени предлози за соработка со Москва.

Изјавите на Москва за неподготвеноста на САД да водат дијалог со Русија за противракетната одбрана предизвикуваат забуна, американскиот помошник-државен секретар Роуз Гетемилер за „Интерфакс“ во вторникот. Според зборовите на дипломатот „всушност, ние имавме прилично сложени и сериозни дискусии за противракетната одбрана и други прашања од стратешка стабилност повремено на маргините од преговорите во Женева во 2009 година за новиот договор СТАРТ“.

„Сѐ уште сме заинтересирани да ги обновиме таквите дискусии. Би биле среќни ако руската страна се покаже подготвена за обнова на дијалогот со нас“, потенцираше Гетемилер.

Како што истакна помошникот-државен секретар, „САД во неколку наврати јасно ја изразија својата подготвеност за соработка со Русија за целиот спектар прашања кои влијаат на стратешката стабилност, како и дека е неопходно да се преземат конкретни и важни чекори со цел да се воспостави попредвидлива и побезбедна ситуација“.

Таа потсети дека САД и НАТО доставиле неколку предлози до Русија за соработка во областа на противракетната одбрана, вклучително и предлог за создавање на заеднички центри за ПРО и воспоставување режим на транспарентност.

„Русија ги отфрли предлозите кои би можеле да придонесат за зајакнување на соработката и транспарентноста. Токму Русија еднострано во 2013 година го прекина дијалогот за соработка“, рече Гетемилер.

Според дипломатот, „руските предлози за разгледување на овие проблеми беа ограничени на барањата за давање „правно обврзувачки“  гаранции од страна на САД за ограничување на американската ПРО на таков начин што тоа би можело да ја наруши нашата способност да се браниме, нашите распоредени сили и нашите сојузници од ракетната закана што се развива и расте“.

„Сепак, ние се залагаме за продолжување на дијалогот со цел да се воспостави постабилен, одржливи и транспарентни односи во сферата на безбедноста“, рече Гетемилер.

Притоа таа увери дека во случај на почеток на дијалог со Русија во сферата на ПРО САД ќе ги продолжат „активните консултации со своите сојузници и партнери на секој чекор од патот“.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња