На видео-снимката објавена на сајтот The Aviationist се гледа авионот Ту-142 како лета над Алепо.
АвионитеТу-142 се дизајнирани врз основа на познатите руски Ту-95 кои веќе беа користени во Сирија. И покрај тоа што во руската воена интервенција во Сирија учествуваа бродови на Касписката и Црноморската флота, противбродските авиони на Русија се првпат забележани во тој регион, пренесува „Газета.ру“.
Појавата на рускиот противбродски авион на небото на Сирија може да се поврзе со неодамнешните американски напади врз позициите на ИД кои беа реализирани од носач на авиони во Средоземното Море. Се вели дека ова е првата слична операција на американската војска САД од 2003 година.
„Во Сирија, во базата Тартус се нашите воени бродови. Се разбира дека во Средоземното море пловат бродови на НАТО, вклучително и подморници. На бродовите во близина на брегот не им е лесно да дознаат што се случува во морето. Тоа може да го направи авионот Ту-142, кој е создаден да открива пред сѐ површински и подморнички сили. Со причина го нарекуваат морски ловец, како и Ил-38- Навистина, за разлика од Ил-38 тој е вооружен со противбродски ракети кои би можеле да му „удрат една“ на секој брод ако не се однесува како што треба“, објасни Алексеј Леонов, воен експерт на списанието „Арсенал Отечества“.
По која маршрута летал Ту-142 летал за Сирија е тешко да се каже. Воените авиони обично не дозволуваат да бидат следени од радари и не можат да се видат на сајтови како што е Flightradar. „На веб-сајтот Flightradar24 не е евидентиран, и воопшто, Ту-95 и Ту-142 никогаш не се појавувале на тој сајт“, објасни уредникот на Aviationist Дејвид Ченчоти.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче