Рускиот претседател го нарече Израел „несомнен сојузник“ на Москва во сферата на борбата против тероризмот, пренесува ТАСС.
„Разговаравме за потребата со заеднички напори да му се спротивставиме на меѓународниот тероризам“, изјави Путин по разговорите со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Според рускиот лидер, „Израел знае како е, не од кажување, да се бориш против тероризмот“. „Во оваа смисла ние сме несомнени сојузници“, потенцираше рускиот претседател.
Путин исто така увери дека Москва ќе придонесува за решавање на палестинско-израелскиот конфликт.
Според негово мислење, „сега се потребни активни заеднички напори, вклучително и во рамките на блискоисточниот „квартет“. „Русија е подготвена да земе учество во таа работа“, изјави Путин.
Шефот на руската држава изјави и дека Русија и Израел заедно ќе се спротивставуваат на обидите за препишување на историјата на Втората светска војна.
Тој потсети дека „нашите народи заедно се бореа со нацизмот и ја платија победата со огромна цена“. „Затоа сме обврзани и ќе го чуваме споменот на хероите и жртвите од таа војна, ќе им се спротивставуваме на обидите да се препише нејзиниот исход, да се заборави трагедијата на Холокаустот“, увери рускиот лидер.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче