Путин: Новинарството треба да биде објективно и без репресии

Претседателот на РФ Владимир Путин му ја честиташе на колективот на МИА „Русија денес“ 75-годишнината на агенцијата.

Новинарството треба да биде објективно и да не подлежи на никакви репресивни дејствија, изјави претседателот на РФ Владимир Путин на медиумскиот форум „Новата епоха на новинарството: збогување со мејнстримот“, организиран од МИА „Русија денес“ (Россия сегодня).

„Не може да постои ситуација кога на некои власти некоја информација им се допаѓа, тогаш треба да се брани и да се зборува за слободата на печатот, а кога не им се допаѓа – веднаш да се нарече таа информација нечија пропаганда која им служи на некакви политички групи или интереси на конкретни држави“, истакна Путин.   

Според неговите зборовите, „информацијата треба да биде објективна од секоја гледна точка и да не подлежи на никакви репресивни дејствија со цел да биде коригирана“.

Претседателот му ја честиташе на колективот на МИА „Русија денес“ 75-годишнината на агенцијата, пренесува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња