По повод 75 години од Меѓународната информативна агенција „Русија Денес“ (Россия Сегодня) (а претходно Агенцијата за печат „Новости“ и РИА Новости) Владимир Путин го посети седиштето на МИА „Русија Денес“, а германскиот новинар Хуберт Зајпел во оваа прилика му ја подари книгата „Путин: Логиката на власта“, пренесува РИА „Новости“.
„Знам сѐ за себе“, се пошегува Путин. „Уште немам прочитано ниедна книга за себе“, призна тој примајќи го подарокот.
Запрашан дали ја прочитал првата книга за него, напишана во времето на првата изборна кампања, претседателот се пошегува: „А зошто би ја читал? Лично ја диктирав. Нема нешто да не знам“.
Германскиот новинар Хуберт Зајпел често го придружуваше Путин во посетите на странските земји, па дури и на лов во Сибир. Мотивот за пишување на оваа книга беше желбата да ѝ се покаже на западната публика вистинскиот руски претседател, вели Зајпел. Пред неколку години кога Путин застана на чело на Владата на Русија Германецот сними и филм за него.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче