Пушков го обвини Стразбур за политички страбизам

Претходно Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата објави свој извештај за Русија во кој се изјавува дека Русија не исполнила ниедна од препораките кои се приоритетни по природа.

Шефот на Комитетот за меѓународни работи на Државната Дума Алексеј Пушков го обвини Советот на Европа за политички страбизам во врска со објавувањето на извештајот на Комисијата на Советот на Европа за борба против расизмот, пренесува РИА „Новости“.

Претходно Европската комисија за борба против расизмот и нетолеранцијата, која е независна од телата на Советот на Европа, објави свој извештај за Русија. Во него европските официјални претставници изјавуваат дека Русија не исполнила ниедна од препораките кои се приоритетни по природа. Предлозите на Комисијата, на пример, се однесуваа на регистрацијата на лицата без државјанство, дефинирањето на поимот екстремизам во законодавството, а исто така и повикуваа на спроведување на програмата за толеранција во општеството.

„Политички страбизам: во Советот на Европа ја осудија Русија за „недостиг на толеранција“, а за Украина со нејзините тортури молчат: јасно, ја сметаат за толерантна“, напиша Пушков на неговиот профил на „Твитер“, коментирајќи го извештајот.

Извештајот на Европската комисија претходно го коментираше и шефот на Меѓународниот комитет на Советот на Федерацијата Константин Косачов. Според него, овој документ има својство на препорака.

Од своја страна, првиот заменик-претседател на Комитетот за прашања на националностите на Државната Дума Михаил Старшинов изјави дека не сите препораки на меѓународните организации за Русија се „вистинскиот рецепт“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња