Лукашенко: Ќе стапиме во бој против НАТО заедно со Русија

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко изјави дека неговата земја ќе стане воен сојузник на Русија во случај на конфликт со НАТО.

Според белорускиот претседател Александар Лукашенко, Русија и Белорусија адекватно реагираат на зајакнување на НАТО во Источна Европа, соопштува ТВ „Ѕвезда“.

„Русите често велат дека на границите на Русија НАТО распоредува нови контингенти. Треба да се потенцира, пред сѐ, до нашите граници, белоруските граници. Тоа го гледаме и преземаме без многу џева, без врева, адекватни мерки“, изјави Лукашенко.

Лукашенко додаде дека, според него, руското раководство дејствува на праведно. Тој исто така истакна дека државите имаат заедничка групација на вооружени сили која ја гарантира безбедноста на двете земји.

Според Лукашенко, во случај на воен конфликт со НАТО, белоруската армија ќе го прими првиот удар и ќе стапи во бој.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.