Захарова одговори на повикот на Мекфол да се „скроти Русија“

Портпаролот на руското МНР Марија Захарова ги коментираше зборовите на поранешниот американски амбасадор во Русија, Мајкл Мекфол, кој изјави дека „сегашната активност на Русија бара „конкретен одговор“.

„Денеска Мекфол повторно го направи интернетот да експлодира“, напиша Захарова на својот профил на „Фејсбук“ и укажа на позицијата на поранешниот амбасадор.

Захарова потсети дека пред само една недела ова прашање беше елаборирано од Хенри Кисинџер  во програмата „Меѓународен преглед“. Дипломатот изјави дека мое да разбере дека земјите „кои беа окупирани од страна на Советскиот Сојуз по Втората светска војна“ се чувствувале загрозени, но не смета дека дека таа илузија треба да го оправда проширувањето на НАТО кон Исток. „Јас се залагав за дијалог меѓу САД и Русија за фундаменталните проблеми“, додаде Кисинџер.

Одговарајќи на прашањето дали да биле дадени ветување за неширење на НАТО на Исток, дипломатот истакна дека „можно е да имало неформално коментари, кои биле така разбрани од страна на Русија. Но, работата е во тоа што, веројатно, нема формални документи во врска со тоа. Но, јас не би ги обвинувал руските лидери дека ги измислија овие договори“.  На прашањето дали руските официјални лица не направиле грешка кога не го ставиле договорот на хартија и не инсистирале на тоа, Кисинџер рече: „Јас не би им кажувал на Русите како да ја спроведуваат својата надворешна политика. Но тоа би била една од сферите на меѓусебните недоразбирања меѓу страните“.

„Јас не ви нудам да изберете кому од двајцата дипломати да му верувате. Затоа што американскиот дипломат овде е еден“. „Зашто дипломатија - тоа е професија, која се темели на интелигенција и одговорност“, заклучи Захарова.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња