Поранешниот американски амбасадор во Русија Мајкл Мекфол во интервју за естонскиот весник „Постимеес“ изјави дека сегашната активност на Русија бара „конкретен одговор“.
„САД треба во согласност со потребите да се скроти Русија и да ѝ се одговори“, изјави дипломатот, додавајќи дека активностите на Русија наводно го принудија НАТО „да ја одбие заканата што потекнува од Москва“.
Притоа Мекфол истакна дека приближувањето на Алијансата до границите на Русија е легално, затоа што тој не слушал за ветувањата на САД за неширење на НАТО кон исток. „Такво ветување не беше дадено“, тврди Мекфол.
Поранешниот амбасадор, исто така, е уверен дека Русија прави максимални напори за рушење на украинската економија, и за да се спречи тоа „Западот мора да стори сé што е во негова моќ за да тоа не се случи“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче