Изјавите во врска со потребата за неутрализирање на „руската закана“ ја покажуваат желбата за зголемување на воениот буџет на земјите-членки на НАТО и за гарантирање безбедно преживување на бирократијата на НАТО и нејзина заштита од нападите на даночните обврзници на земјите од Алијансата, соопшти Министерството за одбрана на Русија.
„Во последно време, одделни претставници на САД и НАТО-пакот повторно разгоруваат хистерична русофобија во Европа. Притоа, оваа претстава секој пат се одвива по истата шема“, се вели во изјавата на Министерството за одбрана по повод апелот на поранешни дипломати на САД дека Русија треба да биде „скротена“.
„Официјални претставници на пактот најпрвин даваат вознемирувачки изјави за потребата од заштита на Алијансата од надворешни закани. Од овие изјави се добива впечаток дека НАТО е невина овчичка втерана во ќоше на која од сите страни навалуваат „грабливци“ како што се Русија и други земји кои не се под контрола на САД“, се вели во соопштението.
„Вториот чин на заплашување: од минатото воскреснуваат пензионери од Студената војна, како што Мајкл Мекфол (поранешен амбасадор на САД во Русија), Викторија Еш (поранешен американски амбасадор во Полска) и Весли Кларк (поранешен командант на НАТО во Европа) со параноични слогани за препородената „империја на злото“ и лажни пресметки за тоа колку часа ќе издржи НАТО пред Русите целосно да го уништат. Обрнете внимание на тоа дека овие лудачки конструкции веднаш масовно се пренесувани од водечките западни медиуми како неоспорни вистини“, истакнува Министерството за одбрана на РФ.
„И, конечно, третиот чин: смирување. На сцената излегува генералниот секретар на НАТО и изјавува дека гласините за немоќта на НАТО се прерани. Меѓутоа, даночните обврзници од земјите на Алијансата треба да направат уште еден напор за зајакнување на НАТО“, се вели во соопштението на руското министерство што го пренесува „Взгљад”.
„Оваа година претставата ќе кулминира на 8 јули во Варшава. На претстојниот самит на НАТО во полскиот главен град ќе биде објавено дека бројните молби на „мирните трудбеници“ од Полска и балтичките земји во овие земји ќе бидат распоредени копнени сили, наводно за „одвраќање“ на Русија. Финале: руската закана е „неутрализирана“, воените буџети на земјите од НАТО се зголемени, безбедниот живот на бирократија на НАТО уште еднаш е одбранет од нападите на даночните обврзници на Алијансата. Finita la commedia!“
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче