Кремљ: Новата позиција на Берлин може да доведе до конфронтација

Кремљ е загрижен за ревизијата на „Белата книга“ на Германија и смета дека новата германска позиција би можела да доведе до конфронтација, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.

„Ако информацијата за новата редакција на „Белата книга“ одговара на реалноста, тогаш тоа може да предизвика и жалење и загриженост во исто време“, пренесува „Взгљад“.

„Жалење, затоа што ако тоа е вистина, тогаш тука се работи за очигледен недостиг на разбирање на суштината на позицијата на руската страна која е добро позната, кој е континуирана, и која не е во насока на конфронтација ами кон создавање атмосфера на соработка и заемно корисна соработка на европскиот континент“, изјави Песков.

„А загриженост, затоа што таквата позиција е резултат на недоразбирање, и може би на некаква неточна информација. Оваа позиција, се разбира, може да доведе до некакви конфронтирачки дејства што во никој случај нема да придонесе за односите на взаемна доверба и заемна соработка“ рече Песков.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња