Во Сочи во 2017 година ќе се одржи Светски фестивал на млади и студенти

Деветнаесеттиот Светски фестивал на млади и студенти ќе се одржи во октомври 2017 година во Сочи.

Деветнаесеттиот Светски фестивал на млади и студенти ќе се одржи во октомври 2017 година во Сочи. Ваква одлука едногласно усвои меѓународниот организациски комитет на фестивалот во неделата во главниот град на Венецуела Каракас, изјави за РИА „Новости“ претседателот на Националниот совет за младински и детски организации Григориј Петушков кој беше присутен на состанокот во составот на руската делегација.

Претходно раководителот на Федералната агенција за млади (Росмолодеж) Сергеј Поспелов изјави за РИА „Новости“ дека руската пријава да биде домаќин на фестивалот предвидува одржување во октомври, при што Сочи се смета за град во кој ќе се одржи официјалното отворање.

„Комитетот донесе одлука да се одржи Светскиот фестивал на млади и студенти во октомври 2017 година во Сочи. Одлуката беше донесена едногласно“, рече Петушков.

По донесување на одлуката првиот човек на „Росмолодеж“ Поспелов ќе отпатува за Њујорк, каде што ќе оствари средба со специјалниот пратеник на генералниот секретар на ОН за младински прашања Ахмад ал-Хиндави и ќе разговара со него за поддршка на фестивалот и можноста за одржување во негови рамки на светски конгрес на министри за младинска политика.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња