Од една страна, организацијата треба да води политиката на одвраќање, а од друга - да обезбеди стабилност во странство: на исток - во Молдавија, Грузија и Украина, како и на југ - во Авганистан, Северна Африка и на териториите под контрола на ИГ, пишува француски „Ле Монд“.
Со Русија НАТО треба истовремено и да се штити, и да води дијалог, убеден е генералниот секретар, и во тоа тој не гледа никаква контрадикција: „Русија е нашиот главен сосед, тоа и ќе остане, таа е дел од Советот за безбедност на ОН, и така натаму“.
Столтенберг изјави дека Русија „одигра конструктивна улога“ за склучувањето на договорот за нуклеарната програма на Иран и за уништувањето на хемиско оружје во Сирија. Покрај тоа, според Столтенберг, со Русија треба да се работи на понатамошно решавање на политичката криза во Сирија.
Иако Москва го обвинува НАТО дека ја загрозува, Столтенберг тврди дека организацијата се однесува одговорно и нејзиното дејствија имаат „пропорционален, дефанзивен“ карактер. Со зајакнувањето во Источна Европа Алијансата, според генералниот секретар, одговара на дејствијата на Русија „која се манифестира сѐ повеќе и повеќе на агресивен начин, која го прекрши меѓународното право и незаконски го анектираше Крим“.
Притоа со Москва е важно е да се води дијалог и со таа цел е одлучено да се обноват средбите на Советот Русија-НАТО. Сепак, датумот на следниот состанок сѐ уште не е утврден.
Таквиот дијалог, рече Столтенберг, е особено важен поради фактот што НАТО забележува на своите граници зголемена активност на Русија, на пример, прелетите на руски авиони над американски бродови, како и поради соборениот руски бомбардер од страна на Турција.
„Потребни се механизми на комуникација за да се избегнат ваквите инциденти и да не се доведеме до ситуации кои би излегле надвор од контрола“, рече Столтенберг.
Столтенберг уште еднаш истакна дека системот за противракетна одбрана на САД не е насочен против Русија: „Пресретнувачите не се вооружени, а нивниот број е премногу мал и се наоѓаат многу појужно или премногу блиску до руската граница за да претставуваат барем некаква опасност за рускиот систем за нуклеарна обрана“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче