Руската војска демантира дека е соборен нејзин авион во Сирија

Портпаролот на Министерството за одбрана на Русија генерал-мајор Игор Конашенков ги демантира гласините за соборен авион на руските Воздушно-космички сили во сириски Алепо.

Претходно во текот на денот „Ројтерс“ соопшти, повикувајќи се на невладината Сириска опсерваторија за човекови права со седиште во Велика Британија дека бил соборен неидентификуван авион во Алепо.

Причината за несреќата не беше соопштена, сепак, невладината организација не ја отфрли можноста авионот да бил соборен.

„Сите воени авиони на руските Воздушно-космички сил се во авиобазата „Хмејмим“, изјави Конашенков за новинарите, пренесува агенцијата „Спутник“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња