Претседателот на Центарот за стратегиски истражувања Алексеј Кудрин изјави дека работата на главните одредби од програма за економски развој на Русија ќе биде завршена до летото 2017 година.
„Во дадениов случај тоа е налог од претседателот и администрацијата на претседателот а и претседателот ќе го утврдуваат квалитетот и можностите на цела низа материјали, како и програма во целост“, ја пренесува „Интерфакс“ изјавата на заменик-претседателот на економскиот совет при претседателот на РФ.
Алексеј Кудрин изјави дека во новата стратегија ќе биде појасно утврден механизмот за нејзино спроведување и ќе биде претставен проектираниот пристап. Покрај тоа, при развојот на програмата ќе бидат земени предвид предлозите на претседателот на Русија Владимир Путин. „Мислам дека ќе се донесе одлука (за програмата) до претседателските избори“, изјави Алексеј Кудрин.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче