Ловецот Т-50 ќе стане дел од руското вооружување во 2017 година

Ловецот од петта генерација Т-50 (ПАК ФА) ќе стане дел од руските воздухопловни единици во 2017 година, соопшти командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев.

Ловецот од петта генерација Т-50 (ПАК ФА) ќе стане дел од руските воздухопловни единици во 2017 година, соопшти командантот на Воздушно-космичките сили на Русија генерал-полковник Виктор Бондарев.

„Во Државниот авио-истражувачки центар веќе има пет авиони, се тестираат и веќе во 2017 година ќе почнат да стануваат дел од нашето вооружување. Сѐ оди според планот - нема одложувања и промени, дури и малку сме отидени напред“, потенцираше Бондарев. Командантот истакна дека Воздушно-космичките сили на Русија со право се гордеат со овој нов авион.

„Леталото е навистина прекрасно – според можностите за пилотирање, навигација и другите карактеристики, открива други авиони на многу голема далечина, му нема рамни во тоа. Имаме со што да се гордееме, и мило ни е што ќе добиеме такво летало“, истакна Бондарев.

ПАК ФА денеска учествуваше во денешното шоу „Авиамикс“ на полигонот Чауда, соопшти РИА „Новости“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња