„Системот за противракетна одбрана на НАТО не е насочен против Русија, тој не претставува закана за одвраќање на руските сили и е насочен само за заштита на Алијансата од потенцијални закани“, рече Оланд.
Тој потенцираше дека е „апсолутно неопходно“ да се напомне тоа пред самитот на НАТО, кој ќе се одржи во Варшава на 8-9 јуни. Оланд исто така рече дека консултациите со Русија за ова прашање им овозможува да ја пренесе пораката до Москва со цел да се избегнат „недоразбирањата“ меѓу двете страни и превентивните мерки кои можат да бидат „прекумерни“.
Од своја страна генералниот секретар на НАТО рече дека во текот на состанокот двете страни разговарале за агендата на претстојниот самит во Варшава, вклучувајќи ги и плановите за зајакнување на военото присуство во Источна Европа. „Станува збор за пропорционални заштитни мерки по акциите на Русија на Крим и во источна Украина“, изјави тој.
Столтенберг истакна дека Алијансата во однос на Русија користи два пристапи: одбрана и дијалог. „Дијалогот добива сѐ поголема важност во текот на влошувањето на односите, бидејќи тоа е неопходно за да се избегнат инцидентите кои може да излезат од контрола, а нова „студена војна“ никој не посакуваа“, рече генералниот секретар на НАТО, пренесува РИА „Новости“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче