Лавров раскажа за главното несогласување меѓу Русија и САД за Сирија

Руско-американскиот дијалог за Сирији се одвива мошне интензивно, меѓутоа неопходни се поефикасни мерки во борбата против терористите на ИДИЛ и „Џебхат ан-Нусра“, во тоа е главниот проблем, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

„Не можам да кажам дека интензитетот на состаноците се одразува врз бројот на конкретни договори затоа што ситуацијата не е едноставна. Главниот проблем е во тоа што ние сме убедени дека приоритет се конкретни, поефикасни и посилни мерки во борбата против терористите на ИДИЛ и „Џебхат ан-Нусра“, рече Лавров во интервју за телевизискиот канал „360 степени Подмосковје“. 

Како што наведе рускиот министер, Москва смета дека сето останато треба да има второстепено значење.  

„Да, важно е да се овозможи пристап на хуманитарната помош во сите населби блокирани од едната или другата страна, да се одржува прекинот на огнот, да се спречуваат нарушувањата. Важно е да се придвижи политичкиот процес кој го кочи радикалната опозиција која одбива да седне на преговарачка маса и која поставува предуслови“, наведе Лавров. 

Според зборовите на шефот на руската дипломатија, мнозинството западни партнери „во разговорите признаваат дека не треба да има никакви изговори за одолговлекување на уништувањето на ИДИЛ и „Џебхат ан-Нусра“, која се обидува и да се спои со други организации“.

Претходно во петокот Лавров имаше телефонски разговор со државниот секретар на САД Џон Кери со кого разговараа за ситуацијата во Сирија и борбата со терористичката група „Исламска држава“, пренесува „Взгљад“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња