Петнаесет Руси се најдоа на списокот од 200 милијардери што го објави агенцијата „Блумберг“.
Според оценките на агенцијата, највисокото место на рејтингот меѓу Русите го зазеде сопственикот на холдингот „Интеррос“ и генерален директор на „Нориљски Никел“ Владимир Потанин. На списокот тој го зазеде 56 место со проценето богатство од 14,7 милијарди долари.
Како што истакнува агенцијата, најбрзо го зголемува своето богатство косопственикот на компанијата НОВАТЕК Генадиј Тимченко. Според податоците на „Блумберг“, од почетокот на годината тој заработил две милијарди долари, зголемувајќи ја својата актива за 31% (на 8,6 милијарди долари).
15 руски милијардери вкупно имаат богатство од 156,5 милијарди долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче