Турција не смета дека инцидентот со соборување на рускиот бомбардер Су-24- во ноември 2015 година е непријателски чин, затоа што немаше намера да се соборат токму авион на руските воздухопловни сили, изјави турскиот вицепремиер Нуман Куртулмуш.
„Кога во рамките на правилата за одбрана беше истрелан проектил во авионот што го наруши нашиот воздушен простор ние не знаевме на која земја му припаѓа. Станува збор за инцидент кој траеше само 9 секунди. Турција не сакаше намерно да се собори руски авион, т.е. не беше извршен непријателски чин спрема Русија. Затоа се надеваме дека односите меѓу Русија и Турција повторно ќе се вратат на претходното ниво“, рече Куртулмуш, пренесува „Взгљад”.
„И од руска и од турска страна постои желба да се поправат односите. Ние од почеток зборувавме дека немавме намера да ги расипеме односите, немавме план да го собориме авионот и да предизвикаме криза“, истакна Куртулмуш.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче