НАТО и Русија не се наоѓаат во состојба на нова студена војна, а Алијансата не се стреми кон трка во вооружување, изјави генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, пренесува РИА „Новости“.
„Ние не се наоѓаме во состојба на нова студена војна, но ние немаме ни стратешко партнерство кое се обидувавме да го развиеме со РФ по студената војна“, изјави Столтенберг на заедничката прес-конференција со канцеларката на Германија Ангела Меркел во Берлин.
Тој истакна дека Алијансата „не се стреми кон конфронтација со Русија“.
„Ние не сакаме нова трка за вооружување, затоа ги комбинираме напорите за колективна одбрана и зачувување на отворените канали за политички дијалог со Русија“, изјави генералниот секретар на НАТО.
Од друга страна, Меркел изјави дека Германија останува приврзана на Основниот акт Русија-НАТО.
„Германија е земја која го смета Основниот акт Русија-НАТО за важен документ, тој документ нема да го нарушиме“, изјави германската канцеларка.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче