Во Русија е развиено, тестирано и подготвено за испорака за војската борбено возило на хибриден погон, соопшти првиот човек на „Воено-индустриската компанија“ Александар Красовицки, пренесува ТАСС.
„Темата е целосно разработена од нас, во најскоро време ќе го потпишеме финалниот договор со Министерството за одбрана. Верувам дека во услови на денешни борбени дејствија потребно е тивко борбено возило, ќе има побарувачка за него“, рече Красовицки. „Ова е уникатен примерок, веќе е во Нижни Новгород и го чека својот момент“.
Во 2013 година беше објавено дека е завршен проектот за создавање прототип на борбено возило на хибриден погон. Возилото беше дизајнирано врз основа на шасијата на оклопниот транспортер БТР-90 „Росок“ и беше опремено со молекуларни колектори на енергија кои определено време овозможуваат практично бесшумно движење.
При сила на моторот еден и пол пати помала од онаа на стандардниот БТР, возилото демонстрираше најдобри возни перформанси и помала потрошувачка на гориво. На пример, прототипот со маса од 22 тони беше во можност да развие брзина од 80 километри на час за 33 секунди. Максималната брзина беше 97 километри на час. Резервата на гориво на возилото во движење со брзина од 40 километри на час е за 940 километри.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче