„Ростуризм“ предупредува за можни терористички напади во Тунис

Државната агенција за туризам на Русија ги предупредува своите граѓани за заканите од терористички напади во Тунис.

Федералната служба за туризам на Русија „Ростуризм“, повикувајќи се на „информација од компетентните органи“ објави препорака за руските туристи повнимателно да му пристапат на прашањето за одмор во Тунис поради опасност од терористички напади.

„Во услови на зголемување на туристичкиот поток во екот на сезоната терористичките групи, поврзани со ИДИЛ, подготвуваат серија екстремистички акции против туристите, вклучувајќи и државјани на Русија“, соопшти „Ростуризм“.

Според информацијата на институцијата, можни се терористички акти на островот Џерба и во градот Зарзис. На туристите им се препорачува да бидат претпазливи при посетата на Тунис, а на туроператорите – да ги информираат клиентите за заканите по безбедноста на територијата на државата.

Според податоците на рускиот амбасадор во Тунис, по минатогодишните терористички напади во Тунис бројот на патувања на руски граѓани во Тунис се намалил за речиси петпати – на 53 илјади туристи.

Годинава туроператорите очекуваат раст на туристичкиот прилив на руски туристи во Тунис во летната сезона, по затворањето на Турција и Египет, пренесува „Ведомости“.  

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња