Песков: Русија не се согласила за полициска мисија на ОБСЕ во Донбас

Против полициска мисија на ОБСЕ се залагаат како самопрогласените ДНР и ЛНР, така и раководството на Русија.

Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков ги негираше наводите дека Владимир Путин во текот на контактите во рамките на „Нормандиската четворка“ дал согласност за распоредување на вооружена полициска мисија на ОБСЕ во Донбас, соопштува „Лента.ру“.

„Наводите дека во стенограмите од разговорите на „Нормандиската четворка“ има некакви индикации дека од руска страна е дадена согласност за распоредување на некаква полициска мисија на ОБСЕ не одговараат на реалноста. Нема никакви такви индикации“, изјави Песков.

Портпаролот на Кремљ исто така потенцираше дека „исто така не е постигнат никаков договор за ова прашање“. „Постои подготвеност да се разговара за ова прашање доколку се има предвид фактот дека донесување на било каква одлука без да се земат предвид ставовите на претставниците на Донбас не е можно“, истакна Песков.

Според него, „сите разговори се околу мисијата за набљудување на линијата на разграничување“ во Донбас. На прашањето за таа мисија има контакти на експертско ниво.

На 1 јуни заменик-шефот на претседателската администрација на Украина Константин Елисеев изјави дека Москва се согласила да се распореди во Донбас вооружена полициска мисија на ОБСЕ. Според него, Киев има достапна јасна евиденција на сите телефонски разговори во кои се содржи согласноста на рускиот претседател за доаѓање на вооружени мировници во регионот. Истиот ден МНР РФ ја демантираше оваа информација.

Распоредувањето на полициска мисија на ОБСЕ во Донбас Украина го смета за главен услов за одржување на изборите во регионот. Сепак, против доаѓањето на мировниците се залагаат како самопрогласените ДНР и ЛНР, така и раководството на Русија.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња