Во Минхен е потпишан договор за германски инвестиции во Русија. Вкупниот износ на инвестициите изнесува 600 милиони евра, соопшти извор за „Лента.ру“.
Според изворот во Минхен во средата, 1 јуни, со поддршка на Генералниот конзулат на Русија бил потпишан инвестициски договор меѓу гувернерот на Калушката област Анатолиј Артамонов и компанијата „Кроноспан“ за основањето на претпријатие на територијата на регионот за производство на фибер-дрвени материјали. Проектот предвидува директни инвестиции во износ од 200 милиони евра.
Истовремено, беа потпишани писма со намери за основање на исти производствени погони со губернаторот на Калининград Николај Цуканов и со заменик-претседателот на Владата на Република Башкортостан Илшат Тажитдинов.
На тој начин вкупната сума на инвестиции ќе изнесува 600 милиони евра.
„Фактички се работи за барање и изнаоѓање можности за германскиот бизнис да инвестираат во руската економија со заобиколување на санкциите“, објасни изворот за „Лента.ру“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.