Во Русија стапи на сила познатиот „Закон за далечноисточен хектар’“

На сила стапи законот кој овозможува Русите без надомест да добијат по еден хектар земја.

На далечниот Исток почна доделувањето на земјиште. На сила стапи законот кој овозможува Русите без надомест да добијат по еден хектар земја. Така, едно двочлено семејство може да смета на два хектари, тричлено на три и така натаму. Земјиштето се дава на користење на пет години. Додека добивање на бесплатни хектари под државната програма може само граѓаните на Далечниот Исток округ. За останатите руски државјани на Русија, земјиштето ќе биде достапно од 1 февруари 2017, пишува „Комерсант”.

Во тек е разгледување на проектот за користење на земјиштето. „Објавивме креативен конкурс на државно ниво и баравме идеи како може да се употреби хектар земја. До денеска пристигнаа над 300 пријави. На 1 јули ќе ги имаме резултатите. Подготвени се првите пет типски бизнис-планови за користење на еден далечноисточен хектар. Освен тоа, земјата не може да се продава на странци ни на правни лица во чиј основен капитал учествуваат странци“, изјави министерот за развој на Далечниот Исток Александар Галушко.

Ако за пет години човекот го стави во експлоатација далечноисточниот хектар, може да го добие во сопственост. Дотогаш треба да биде изработен јасен план за оценување на состојбата на парцелата, за да се спречат злоупотреби, смета докторот на економски науки Наталија Шагајда.

Ако тоа не биде само поделба на земјиште, туку помош во изградбата, инфраструктурата, тогаш ќе се појави голем број заинтересирани лица. Ако локалните власти помогнат со пласманот на продуктите што ќе ги одгледуваат на тие хектари. Зависи што сакаме да постигнеме. Ние, се разбира, можеме за 10 години да добиеме резултат. А ако зборуваме за замена на увозот и активна работа, се разбира, треба првин да вложиме, а потоа да добиеме приход“, смета Сергеј Белаев, генерален директор на Асоцијацијата на земјоделски домаќинства.


 

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња