МО РФ ќе ги научи сите заинтересирани како да возат „Алигатор“ и Т-90

Жителите и гостите на главниот град во Русија ќе можат да научат како да управуваат со борбениот хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ и тенковите Т-72 и Т-90 во текот на меѓународната изложба „Армија 2016“ во септември.

Во периодот од 6 до 11 септември на полигонот „Алабино“ во паркот Патриот (70 километри западно од Москва) Министерството за одбрана на Русија ќе спроведе „курс за млад борец“ за сите посетители. Посетителите ќе имаат можност да се запознаат со основите на пилотирање со борбен хеликоптер Ка-52 „Алигатор“ и со возењето тенкови Т-72 и Т-90.

Руските офицери ќе распоредат професионални системи на кои се врши обука на екипажите пред да почнат да ја користат воената опрема. Системите целосно го имитираат движењето на воените возила Т-72 и Т-90, а љубопитните ќе бидат во можност да ги доживеат сите тресења и „грубоста“ на теренот по кој се движи тенкот. Исто така, посетителите ќе можат не само да научат како да полетуваат и слетуваат со борбен хеликоптер, туку и да се обидат да дејствуваат во критични ситуации, како што се дефект на моторот, погоден хеликоптер од проектил на непријателот, итн.

Тренажерите ќе претстават 30 претпријатија од воено-индустрискиот комплекс на Руската Федерација. Министерството за одбрана разговара со конструкторите за натамошно распоредување на професионални тренажери во паркот Патриот на постојана основа.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња