Во текот на посетата на Путин на Света Гора, која во голема мера беше од политички карактер, рускиот лидер седна на епископскиот трон, додека на грчкиот претседател Прокопис Павлопулос му беше понудено обично столче.
Пред Бога се еднакви сите, само некои се поеднакви од другите, пишува „Хафингтон Пост“.
„Предлогот на претставникот на претседателската администрација да се стават две исти столчиња беше отфрлен, а монасите го прогласија грчкиот претседател за персона нон грата“. Весникот потсетува дека односите на грчката црква и држава станаа сложени откако владата на Ципрас си даде за право да ја замени задолжителната богословска училишна програма со часови за историја на религијата.
Весникот ја цитира и наградената книга во Франција „Од Христовото раѓање“ на Василис Алексакис: „Монасите се мафијаши облечени во црно. На Света Гора владее див црковен капитализам, а зад аскетскиот начин на живот се крие власт која е во состојба да ги финансира партиите и политичарите. Очигледно старите традиции ја легализираат измамата. И италијанската мафија може да се пофали со стари традиции“.
„А Путин одлично го разбира тој грчки надреализам кој би го натерал да позеленее од завист и самиот Андре Бретон. Владимир Путин, „избраниот диктатор“ и стратег предизвикува восхит кај Грците и помага за зајакнување на антизападното расположение“, пишува француското издание.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче