Медиум: Да го скршите Путин? Невозможна мисија

Шведскиот весник „Ескпресен“ пишува за опозицијата во Русија и нејзините шанси за победа на претстојните парламентарни избори во септември.

„Прозападната опозиција во Русија е разединета и не е во состојба да се појави на изборите како обединет фронт“, пишува шведскиот весник „Експресен“.

„Многумина се прашуваат дали вреди да се учествува на избори чиј резултат однапред се знае. Малата поддршка што ја имаат двете опозициски партии тешко може да ја загрози „Единствена Русија“ на Путин. Според анкетите, двете партии ќе добијат едвај неколку проценти гласови“, се наведува во текстот.

Раководителот на изборната кампања на Алексеј Навални Леонид Волков смета дека на изборите не треба да се учествува. „Лично не сум сигурен дека треба да учествуваме. Но нам ни вршат притисок нашите поддржувачи и ние мораме да ги послушаме“, изјави Волков за шведскиот весник.

„Навални е, веројатно, најпознатиот противник на Кремљ. Често го претставуваат како клучна фигура на опозициското движење. Тој притоа не ги крие длабоките националистички ставови и се нарекува себеси „демократски националист“, пишува весникот, додавајќи дека на овие избори тој не може да се кандидира, затоа што отслужува затворска казна која тој ја смета за политичка.

Раководителот на кампањата на неговата партија објаснува дека постои уште еден аргумент во полза на учеството на изборите. „Од математичка гледна точка за нас е секогаш добро да учествуваме на изборите. Ние ништо не губиме, само добиваме“.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња