Лавров: Не го оставаме Донбас, туку активно го поддржуваме

Во интервјуто за „Комсомолскаја правда“ рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров објаснува зошто Русија не ги призна независноста на ДНР и ЛНР.

Русија не ги напуштила Донбас, туку продолжува да го поддржува на секаков начин, изјави министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во разговорот со новинарката на весникот „Комсомолскаја правда” Дарја Асламова.

„Ние не го оставаме југоистокот на Украина, не го забораваме, туку многу активно го поддржуваме. И тоа не само политички. Тука е и хуманитарната помош, и решавањето на тековните економски проблеми, животните проблеми“, изјави Лавров.

Рускиот министер истакна дека таквата соработка со Донбас ја овозможува „Минската спогодба“, која на овој регион му дава право на директни, неограничени, слободни економски и други врски со Руската Федерација.

На прашањето на новинарката зошто Русија не ја призна независноста на ДНР И ЛНР, иако се одржа референдум во нив како и на Крим, Лавров одговори дека тоа е поради фактот што раководителите на овие републики по референдумот не се откажале од дијалог со Киев. „Резултатот од тој дијалог и е пакетот на „Минската спогодба“, рече Лавров. Тој додаде дека Западот сега врши притисок врз Киев да се почитува „Минската спогодба“.

„Ова е уникатна ситуација. Овој документ сега не може да му се спротивстави на никого и никој не му спротивставува било каков друг документ. И ако сега кажеме, доволно е, немаме повеќе трпение, одиме на друг начин, тие ќе речат: само напред. И Западот нема да врши никакво влијание врз украинската влада. А тоа влијание е  потребно и тоа  не само во врска со ситуацијата во Донбас“, рече Лавров, објаснувајќи дека ОБСЕ има овластување на целата територија на Украина и под притисок на Русија објавува извештаи за ситуацијата во Украина во однос на човековите права, организираниот криминал и така натаму.

„Ние треба да ја негуваме таа правна, меѓународно-правна рамка и да ја штитиме од сите обиди да биде разрушена однатре или однадвор„ објасни Лавров.

Новинарката изнесе став дека Мајдан во Украина е последица од неподготвеноста на Русија за таква можност и дека тоа е неуспех на руската дипломатија. Таа смета дека руските власти требало да интервенира кога украинската опозиција не го испочитува договорот со Јанукович и кога таа почна да применува насилство, дека требало да се спречи по воен пат превратот во земјата.

„Јас не се согласувам со тоа. Војна меѓу Руси и Украинци ... Таа војна ја посакуваа оние кои дојдоа на власт со државен удар. Војна против сопствениот народ. Мислам дека Русите и Украинците се еден народ. И ако сметате дека требаше да почнеме војна против сопствениот народ, јас со ова категорично не се согласувам“, рече Лавров.

„Украинската армија беше под нова власт и новото раководство ќе ѝ наредеше на армијата да ѝ се спротивстави на руската армија. Тоа е ужасно, дури и не можам да си го замислам тоа“, изјави рускиот министер за надворешни работи.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња