„Во овој момент тоа прашање официјално не е на дневен ред. Сепак, тој не е во целост мртов. Без оглед на санкциите, идејата за реализација на „Јужен тек“ може да оживее“, изјави Ксидакис, пренесува „Взгљад“.
На тој начин, објасни дипломатот, „со внимателни чекори и со внимателно проучување можеме да решиме како да го оживееме тој проект“.
„Притоа, секогаш треба да се има предвид дека европските земји постепено одат кон енергетска независност и не сакаат да зависат само од еден енергетски извор“, констатира Ксидакис.
На 27 мај претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека Москва се согласува да го разгледа секој енергетски проект кој поминува по јужната маршрута, доколку добие од Европа гаранции за негова реализација.
Еден ден претходно, на 26 мај, помошникот на претседателот на Русија Јуриј Ушаков изјави дека новиот гасовод од Русија до Грција може да поминува преку територијата на Бугарија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче