Во Латвија наскоро може да забранат руски имиња

Латвиската влада од 1 септември ќе почне да го разгледува нацрт-законот со кој се бара да им даваат на децата само латвиски имиња.

Предлог-законот претставува измена и дополнување на законот за промена на лично име, презиме и националност. Таму се наведени причините за одбивањето да се регистрира име, доколку тоа „не одговара на основите на латвискиот јазик или ја отежнува интеграцијата на поединецот во општеството“.

Во моментов во Латвија, на сите имиња и презимиња (ако се машки или завршуваат во согласка) им се додава „-с“: така, името Мирон се пишува Миронс, името Руслан - Русланс. Сега се предлага целосно одбивање на регистрацијата на имиња кои не одговараат на латвиската граматика.

Министерството за правда на Латвија смета дека ваквите мерки ќе помогнат да се заштити „демократскиот систем во земјата“ и „правото на другите жители на Латвија слободно да го зборуваат својот мајчин јазик“.

Предлог-законот беше разгледан на состанокот на министрите на 24 март, а сега е во процес на одобрување во низа ресори. До 1 септември треба да биде доставен до владата на Латвија.

Пратеникот во Градскиот совет на Рига Руслан Панкратов, кој ја предводи организација за човекови права „Вратете ни ги имињата!“ истакна дека новите норми му противречат на меѓународното право. На пример, новиот закон ги нарушува Меѓународниот пакт за граѓански и политички права. Покрај тоа, во 2010 година Комитетот за човекови права на ОН  веќе ја осуди Латвија за искривување на нелатвиските имиња и презимиња во пасошите.

„Латвија смета дека тоа не е услов, туку само препорака“, коментира Панкратов, пренесува агенцијата „Спутник“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња