Медиуми: Израел може да се претвори во вазал на Русија

Израелските медиуми пишуваат дека учеството на „Гаспром“ во експлоатацијата на израелските наоѓалишта на гас би можело да ја промени геополитичката позиција на Израел во регионот и дека на тој начин оваа земја, сојузник на САД, би можела да стане руски вазал.

Израелските медиуми го коментираат вчерашното именување на Авигдор Либерман за министер за одбрана на Израел. Тоа ќе обезбеди инвестиции на „Гаспром“ во израелските гасни наоѓалишта, пишува весникот „Глоубс“, но, од друга страна, тоа би можело да направи од Израел руски вазал.

„Учеството на „Гаспром“ во експлоатацијата на израелските гасни наоѓалишта ќе има карактер на терористички напад од стратешки размери, кој може да ја промени геополитичката положба на Израел во регионот и да го претвори од американски сојузник во вазал на Русија. Учеството на „Гаспром“ ќе ѝ овозможи на Русија целосно да ги контролира наоѓалиштата, да ги експлоатира или, напротив, да ја спречува нивната експлоатација, како и диктирањето на цените на пазарот од страна на владата“, пишува весникот.

Вчера лидерот на израелска партија „Нашиот дом Израел“, Авигдор Либерман, кој зборува руски и кој е лобист за милионската заедница на Израелците со потекло од СССР, како и главен поборник за развој на односите со постсоветските републики, ја презеде функцијата министер за одбрана на земјата, што е во Израел втората најважна функција по премиерската.

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња