Присвојувањето на Крим и провокациите на руската војска против силите на НАТО во Балтикот се потврда за западните аналитичари дека сѐ поагресивната Русија има намера да воспостави доминација над своите соседи и да ја заплаши Европа.
Сепак, руските лидери тврдат дека Русија е оштетената страна поради неисполнувањето од страна на САД на ветувањето дека НАТО нема да се шири на исток. Тој договор беше постигнат во текот на преговорите меѓу Запад и СССР по прашањето за обединување на Германија во 1990 година. Од нивно гледиште, Русија е принудена да го спречи ширењето на НАТО на исток заради сопствена заштита.
Западот тврди дека не склучил со Советскиот Сојуз таква спогодба. Меѓутоа, документите го велат спротивното. Затоа, стабилноста на Европа сега подеднакво зависи како од задржувањето на авантуризмот на Москва, така и од подготвеноста на Западот да ѝ даде на Москва гаранции за неширење на НАТО во иднина.
Прашањето со ширењето на НАТО почна со прашањето за обединета Германија во 19990, кога Џорџ Буш постариот реши дека обединета Германија треба да влезе во составот на НАТО. Тоа беше поткрепено од страна на државниот секретар на САД Џејмс Бејкер, кој предложи во размена за поддршката на СССР за германското прашање да се дадат „железни гаранции“ дека НАТО нема да се придвижи „на исток ни за милиметар“. Лидерот на СССР Горбачов се согласи, без потпишување на некаков договор, меѓутоа, според документите, условите биле јасни: Горбачов се согласил на зближување на Германија со Западот, а САД го ограничиле ширењето на НАТО.
Американските лидери сфатија дека неширењето на НАТО им пречи на интересите на САД, и затоа се случи влегувањето на Полска, Чешка, Словачка, балтичките и некои други земји, и покрај претходните ветувања на Бејкер дека САД ќе соработуваат со СССР во „создавањето нова Европа“, а потоа и во создавањето „нова, инклузивна Европа“.
Протестите на советските и руските лидери, дека САД го прекршија условот за неширење на НАТО се оправдани им дава право да изјавуваат дека политиката на САД е една од причините за тековната напрегнатост во Европа.
За помалку од два месеца во Варшава ќе се одржи самит на НАТО, посветен, несомнено, на обидите за спротивставување на авантуризмот на Русија, вклучително и со зголемување на бројот на силите на НАТО во Источна Европа и зацврстувањето на врските со Украина и Грузија. Сепак овие чекори ќе станат уште една потврда за дволичноста на САД. Меѓутоа, ако се отстрани главниот извор за загриженоста на Русија – прашањето за проширување на НАТО – тоа ќе помогне да се намали нивото на тензии во односите меѓу Русија и Западот.
Исто како што ветувањето дадено во 1990 година за неширење на НАТО помогна да се заврши студената војна, исто такво ветување може да придонесе за обнова на односите меѓу САД и Русија, пишува американскиот весник „Ел-Еј Тајмс“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче