Лавров: „Никаква светска војна нема да има“

Во вторникот, 31 мај, министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров одговараше на прашања на новинарите и читателите на „Комсомолска правда“.

За улогата на Русија во современиот свет, Лавров рече дека уште од времето на Иван Грозни никој на светот не сака силна и сигурна во себе Русија. „Во минатиот век Англичаните и Американците се обидуваа да направат сѐ да не овозможат целосност на Евроазија“.

На прашањето дали има шанси да се случи голема војна, министерот одговори:

„Никаква светска војна нема да има! Тоа го кажа претседателот во филмот на Соловјов и убеден сум дека одговорните политичари нема да го дозволат тоа и од западна страна, затоа што сите сѐ уште ги паметат ужасите на Првата и Втората светска војна. Политичарите не можат да го дозволат тоа. Пред сѐ, ние треба да размислуваме колку сме подготвени да спречиме почеток на нова војна. Кога Американците излегоа од договорот за ограничување на системите за противракетна одбрана, Џорџ Буш му рече на Владимир Путин: „Не грижете се, тоа не е против вас, се разбира дека ќе реагирате, правете што сакате“. Ова треба да се памти кога нервозните соседи од Источна Европа реагираат на нашето мирно предупредување, доколку воената инфраструктура на НАТО се доближи, тогаш ние ќе преземеме возвратни чекори.

Прашан за демонизацијата на Русија, Лавров рече дека тоа се случува, но според него, нема ништи страшно во тоа. „Ние треба да се навикнеме на тоа, нашите партнери не беа со нас искрени до крај. Подготвени сме на дружба со секој кој е подготвен за тоа на рамноправна основа. Промовирајќи ја таа линија, треба да се памети дека нашите сојузници се армијата, флотата и воздушно-космичките сили.

Прашан за евентуални претседателски амбиции, Лавров рече:

„Сега сум си на местото“, пренесува „Комсомолскаја правда“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња