„Според определени информации, Русите имаат сценарио за таков случај – ДНР и ЛНР ќе се обратат до Државната дума со барање за признавање. Државната Дума ќе ги признае и ќе потпишат договор за воена помош... Јас не мислам дека ќе ни биде поедноставно во таква ситуација“, ги цитира зборовите на заменик-министерот „Гордон.уа“.
Претходно првиот човек на самопрогласената Луганска народна република (ЛНР) Игор Плотницки им понуди на претставниците на Киев одржување директни преговори во ЛНР во согласност со Законот за избори во Донбас.
На 18 мај американскиот помошник-државен секретар на САД Викторија Нуланд се сретна со заменик-министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Рјабков. По разговорите Нуланд уште еднаш изјави дека САД сакаат брзо спроведување на „Минската спогодба“ за Украина и не ги признаваат резултатите од изборите во самопрогласените ДНР и ЛНР одржани со прекршување на оваа спогодба.
„Нормандиската четворка“ - Русија, Украина, Франција и Германија - се договорија за распоредување на полициска мисија на ОБСЕ во Донбас. Ноќта на 24 мај меѓу претседателите Владимир Путин Петро Порошенко и Франсоа Оланд и канцеларката Ангела Меркел се одржа телефонски разговор во кој страните повторно разговараа за решавање на украинскиот конфликт. Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков, коментирајќи ги разговорите, рече дека прашањата за Украина мора да се решат „во пакет“ во координација со Донбас, пишува „Комерсант“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче