Грција соопшти за намерата на ЕУ да ги продолжи санкциите против Русија

Санкциите на ЕУ против Русија ќе биде продолжени, меѓутоа веќе се дискутира во ЕУ дека тоа не треба да се случи автоматски, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Грција, Никос Ксидакис.

„Не можам да ја знам конечната одлука, сепак претпоставувам дека режимот на санкции ќе биде продолжен, но како резултат на сериозна дискусија. И, се разбира, санкциите не се вечни“, изјави Ксидакис, пишува „Взгљад“.

„Веќе сега на политичко ниво во рамките на ЕУ се дискутира прашањето за тоа дека продолжувањето на санкциите не треба да се случува автоматски. Дека треба да има дискусија и анализа на целата ситуација. Во ЕУ има сѐ повеќе гласови за укинување на санкциите. И тие се сѐ погласни“, додаде тој.

Притоа Ксидакис изрази мислење дека постојните санкции нема да бидат пречка за учество на руски компании на тендерите за стекнување активи во Грција, особено на контролниот пакет акции на грчкиот железнички оператор Train OSE.

„Не мислам дека режимот на санкции е пречка за учество на компании со рускиот капитал на различни тендери. Се разбира, доколку се почитуваат сите правила на тие тендери и сите меѓународни обврски “, изјави заменик-министерот за надворешни работи на Грција.

 

 

 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња