„Дури и правот што остана по посетата на Путин ќе ѝ донесе полза на Грција“

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Мардас ја опиша неодамнешната посета на Владимир Путин на Грција.

Заменик-министерот за надворешни работи на Грција Димитрис Мардас ја опиша неодамнешната посета на Владимир Путин на Грција како особено значајна, нагласувајќи дека рускиот претседател во Атина ратификуваше голем број на бизнис и инвестициски договори кои беа иницирани од страна на заедничкиот министерски комитет меѓу двете земји во последниве месеци.

„Дури и правот што остана по посетата на Владимир Путин ќе ѝ донесе корист на Грција“, истакна Мардас во емисијата „Второ читање“, пренесува порталот „Русија-Грција“. Според него, државата ќе има полза од самиот факт што рускиот претседател за потпишување на договорите беше придружуван од осум надлежни министри.

Освен тоа, како одговор на прашањето дали е можно понатамошно поедноставување на визните процедури за руските туристи кои ја посетуваат Грција, Мардас изјави дека продолжува набавката на опрема во грчката амбасада и пристигнуваат кадри за решавање на тој проблем и потсети дека постои определена процедура за издавање на визи за сите земји-членки на ЕУ кои учествуваат во Шенгенскиот договор.

„Ние повеќе од двојно го зголемивме капацитетот на нашите конзулати во споредба со минатата година“, - рече Мардас. Тој истакна дека секое поедноставување на визниот процес треба да биде договорено на ниво на ЕУ и истакна дека уште сега има значително зголемување на бројот на руски туристи во Грција во споредба со минатата година.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња