Претседателот на Русија Владимир Путин ги предупреди Романија и Полска дека ќе се најдат на нишан на руските ракети откако на нивна територијата беа поставени делови од американскиот противракетен штит, а Москва смета дека тој претставува закана за нејзината безбедност, пишува „Индепендент“.
Путин остро ги предупреди Романија и Полска, потсетувајќи дека Москва не престанува да нагласува дека ќе биде присилена на сите начини да ја обезбеди својата територија, додека Вашингтон и неговите сојузници ги игнорираат тие предупредувања.
„Ќе бидеме принудени сега да реагираме на соодветен начин. И ако до вчера имаше делови на Романија кои не знаеја како е да се биде на нишан, денес ќе мораме да преземеме определени дејствија кои ќе ја обезбедуваат нашата безбедност“, изјави Путин по разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас.
„Истото ќе се случи и со Полска“, додаде рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче