„Ние сакаме да ја преземеме одговорноста за својата иднина и да бидеме членка на Европската унија“, изјави премиерот на Црна Гора кој учествува во пролетната сесија на Парламентарното собрание на НАТО во Тирана. „Процесите на интеграција во ЕУ и НАТО се неразделни“, додаде тој, пренесува „Спутник“.
„Црна Гора ќе продолжи со процесот на реформи за да напредува кон европската иднина. Црна Гора е единствената земја каде што немаше војна по распадот на поранешна Југославија и ние сакаме нашата иднина да биде таква“, изјави Ѓукановиќ.
Црна Гора има аспирации кон НАТО и има јасна визија за нејзиниот придонес за стабилноста и безбедноста, рече Ѓукановиќ, додавајќи: „Членството во НАТО е од големо значење и може со сигурност да потврдам дека Црна Гора е на патот на евроатлантските структури, а потоа и на кон Европската унија“. За Ѓукановиќ, НАТО е гаранција за стабилноста на Балканот и во земјите од регионот.
Албанскиот премиер Еди Рама претходно изјави денеска дека целосна интеграција на Балканот во НАТО ќе биде стратешки и витални инвестиции.
„Тоа ќе биде истовремено и најочигледен одговор како на геополитички амбиции на другите актери во регионот, така и на ризиците и континуираните закани кои доаѓаат од Блискиот Исток и Северна Африка“, рече Рама.
Истакнувајќи дека со членството на Албанија во НАТО се поставија темелите за иднината на таа земја, Рама рече дека Тирана го поддржува членството на Црна Гора и Македонија во Алијансата.
Парламентарното собрание на НАТО, кое денеска го завршува тридневното пролетно заседание во Тирана, побара од земјите-членки да се спротивстават на воената решителност на Русија и подобро да го споделат товарот на заедничка одбрана. Претседателот на Парламентарното собрание на НАТО и американски адвокат Мајкл Тарнер рече дека „агресијата на Русија има цена“ и побара од европските партнери да ги зголемат буџетските расходи предвидени за одбрана.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче