Ердоган:Непријателите ни се одмаздуваат за освојувањето на Истанбул

Непријателите на Турција сакаат да ѝ се одмаздат за освојувањето на Истанбул во 1453 година, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

Непријателите на Турција сакаат да ѝ се одмаздат за освојувањето на Истанбул во 1453 година, изјави претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган.

„Никој не може да ја уништи нашата земја. По освојувањето на Истанбул, Турците се населиле во Анадолија и Тракија и немаат намера да си одат од овие земји... Овој народ уште пред еден век им даде соодветен одговор на непријателите. Убеден сум дека за 100-годишнината од формирањето на Турската Република (во 2023 година година), нашата земја ќе влезе во првите десет најразвиени економии во светот“, изјави Ердоган, говорејќи во Истанбул на митингот посветен на 563-годишнината од заземањето на градот од страна на османлиските сили.  Агенцијата „Анадолу“ ја цитираше неговата изјава.

Турскиот лидер додаде дека за сто години земјата се трансформирала, претворајќи се од  наследник на „болниот на Босфорот“, како што тогаш ја нарекуваа Отоманската империја, во една од водечките економии во светот. Според Ердоган, денес некои држави се прават слепи на „валканата игра во Сирија“ и „ги поддржуваат терористите“.

„Каква работа имаат Русија и Иран во Сирија? Што прават таму? Што прават на сириска земја американски војници во униформи со амблеми на терористи (на силите за самоодбрана на сириските Курди)? ИД е вештачки создадена структура и под изговор на борбата против неа се реализираат игри чија цел е многу јасна. Одредени сили се обидуваат да ја оттргнат Турција од Блискиот Исток и Северна Африка“, изјави Ердоган.

Претходно претседателот на Турција ги критикуваше САД за нивната поддршка на Курдите. Незадоволството на Ердоган го предизвикаа фотографии на американски војници во маскирни униформи со симболи на силите за самоодбрана на курдската Партија на демократски сојуз.

Митингот во Истанбул беше посветен на годишнината од падот на Византија. Во 1453 година турскиот султан Мехмед II го освоил Константинопол и го прогласи за главен град на Отоманската империја, пишува РИА „Новости“.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња