САД направи моќен електромагнетски топ на шини (Electromagnetic Railgun) кој истрелува со огромна забрзаност проектил по должината на две метални шини, соопштува „Вол Стрит Џурнал“.
Изданието ги објави првите кадри од тестирањето на пробниот модел на новото оружје. Во соопштението се истакнува дека топот може по потреба да ги заштита балтичките земји од закана која може да дојде од Русија.
„Не смее да се игнорира фактот дека Русија може да концентрира големо количество конвенционално оружје и да гаѓа на големи растојанија. Ние треба да има можност да им се спротивставиме на тие орудија. И шинскиот топ во перспектива ќе ни овозможи да направиме такво нешто“, рече заменик-министерот за одбрана на САД Роберт Ворк.
Воената морнарица на САД почна со разработка на шинскиот топ пред околу десет години и потроши повеќе од 500 милиони долари. Сега Пентагон инвестира во проектот уште 800 милиони долари.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче