МНР Полска: Американската ПРО во Европа не е закана за Русија

Системот е наменет за одбрана од ракетни напади од Блискиот Исток, изјави полскиот шеф на дипломатијата Вашчиковски.

Министерот за надворешни работи на Полска Витолд Вашчиковски изјави дека системот за противракетна одбрана на САД, кој почна да се гради на полска територија, не претставува закана за безбедноста на Русија, соопшти агенцијата PAP.

Првиот објект на американската ПРО во Источна Европа беше пуштен во функција во авиобазата Девеселу на југот на Романија.

Според претседателот на РФ Владимир Путин, Русија ќе мора да реагира на овој потег, затоа што во лансирните рампи за ПРО во Романија можат да бидат распоредени офанизивни системи за кои е доволно да се измени само софтверот.

„Претседателот Путин треба многу добро да знае дека системот за ПРО во Полска нема врска со безбедноста на Русија. Тој систем е наменет за заштита на Европа од ракетни напади од Блискиот Исток“, ги цитира агенцијата „Ројтерс“ зборовите на Вашчиковски. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња