Медиум: Русија ги победи Саудијците во борбата за кинескиот пазар на нафта

Русија ја претекна Саудиска Арабија и стана најголем снабдувач на нафта во Кина.

Според статистичките податоци за април, Русија ја претекна Саудиска Арабија и стана најголем снабдувач на нафта во Кина, пишува „Бизнис Инсајдер“.

Во април обемот на извоз на руска нафта во Кина се зголемил на 1,17 милиони барели на ден, вели статистиката на Главната царинска управа на Кина. На годишно ниво, растот изнесува 52% - на 4,81 милиони тони. Увозот на нафта од Саудиска Арабија, пак, се намалил на годишно ниво од 22%, на 4,12 милиони тони - во април, Ријад извезе во Кина 3,98 милиони тони.

„Рекордните високи количини на увоз од Русија, најверојатно, се должат на активноста на независните (кинески) рафинерии, кои увезуваат во складовите нафта претходно купена по ниска цена“, изјави за Ројтерс трговец од Кина. Друг соговорник вели дека во јуни е веројатен пад на обемот на увоз на руска нафта поради зголемувањето на цената на црното злато.

Аналитичарот на стоковите пазари на RBC Capital Markets Мајкл Трен истакнува дека Русија стана најголемиот ривал на Саудиска Арабија во Кина - на пазарот со најголем обем на побарувачка на нафта.

„Дали тоа им пречи на Саудијците? И тоа како?“, напиша Трен во еден истражувачка белешка за клиентите на RBC Markets.

Претходно експертите истакнуваа дека клучна улога во успехот на руската нафта во Кина одигра одлуката на Москва да се согласи да го прифати плаќањето за нафтата во јуани. Ријад се уште не е подготвен за таков чекор и прима исплати од Пекинг за црното злато исклучиво во американски долари.


 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња