Медиум: Путин е одраз на руската душа и идеолог на светско ниво

Матје Слама, француски експерт за меѓународни прашања, во интервју за „Фигаро“ ги анализира идеолошките основи на конфликтот меѓу Русија и Западот, тврдејќи дека овој конфликт е многу повеќе од конфликт на интереси и дека тоа е борба меѓу две погледи на светот.

Матје Слама, француски експерт за меѓународни прашања, во интервју за „Фигаро“ ја застапува тезата дека конфликтот меѓу Русија и Западот е многу повеќе од конфликт на интереси, дека се работи за борба меѓу два погледи на светот и Путин во таа борба претставува заштитник на традиционалните вредности, суверенитетот, човечката величина и божествената светост. За разлика од Западот, кој ги застапува технократијата, бирократијата, либерализмот и атеизмот, без големи луѓе, големи идеи и возвишеност.

Путин стои во одбрана на „духовните и човечките вредности и разновидноста во светот, вредностите на традиционалното семејство, вистинскиот човечки живот и верските слободи“, вели Слама во интервјуто. Рускиот претседател во исто време ги критикува европските земји кои се откажале од нивната основа, христијанските корени. „Путин користи многу експресивни поими, како што се „примитивизам“, отворено го критикува законот за легализација на истополовите бракови и редовно ги обвини западните земји дека се обидуваат да го извезуваат својот либерален модел во целиот свет со презрителен став кон националните специфичности на различни земји“, се вели во текстот .

Експертот смета дека во реториката на Путин може да се препознае многу од она што го прави сличен на гледиштето на Солженицин. Солженицин е познат на Запад како критичар на советскиот модел, но тој не го критикуваше од позиција на либерализам, туку „од позиција на православната вера и на големата руска историја“. Токму поради приврзаноста кон корените и духовноста Солженицин го критикуваше и западниот модел на општеството „поради неговата опсесија со личните права, на штета на традиционалните вредности како што се честа, благородништвото и самопожртвуваноста“. Солженицин веруваше во постоењето на трет пат. „Третиот пат треба да се базира на враќање на корените и самоограничувањето на луѓето и нациите“.

Според мислењето на францускиот експерт, Путин стана идеолог на конзерватизмот во целиот свет. „Неговата популарност меѓу европските конзервативни партии значи дека Путин сфати како се одвива играта во Европа. Неговата генијалност е во тоа што тој успеа во вистински момент да постигне зближување на неговите идеи со претставите  на дел од европската јавност која чувствува сѐ поголемо непријателството спрема глобализацијата и мултикултурализмот и приврзаноста кон корените и „природната одбрана“ во форма на националните граници. Од Виктор Орбан во Унгарија, до Марин Ле Пен во Франција и во Најџел Фараж во Велика Британија сите тие чувствуваат природни симпатии спрема Путин“, вели Слама.

„Путинизмот“ очигледно одговара на одреден дух на времето, на сѐ поголемото противење на народот на глобализацијата“, заклучува тој.

Меѓу карактеристиките на идеологијата на Путин се одржувањето на верскиот однос спрема светот и заштитата на државниот суверенитет, додека на Запад религијата и суверенитетот се релативизирани поими лишени од секакво значење.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња