Лавров повика на затворање на границата меѓу Сирија и Турција

Bо петокот началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС Русија Сергеј Рудској изјави дека од Турција со камиони се испорачува оружје и муниција за терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ и дека тие испораки не престануваат.

Министерот за надворешни работи на Русија Сергеј Лавров во разговор со американскиот државен секретар Џон Кери изјави за потребата од најскоро затворање на границата на Сирија со Турција, се вели на веб-страницата на Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува РИА „Новости“.

„Лавров уште еднаш ја истакна потребата за најскоро затворање на границата на оваа земја со Турција од каде што продолжува инфилтрацијата на милитантите и исполнување на ветувањата на Вашингтон за демаркација на единиците поврзани со САД на сириската опозиција од терористите на „Џебхат ан-Нусра“, за кои примирјето не важи“, се вели во соопштението.

Bо петокот началникот на Главната оперативна управа на Генералштабот на ВС Русија Сергеј Рудској изјави дека од Турција со камиони се испорачува оружје и муниција за терористичката група „Џебхат ан-Нусра“ и тие испораки не престануваат.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња