На прес-конференцијата одржана по разговорите со грчкиот премиер Алексис Ципрас, рускиот претседател Владимир Путин се осврна на изјавата на неговиот украински колега кој тврди дека ќе ги „врати“ Крим и Донбас.
„Кога станува збор за Крим, тоа прашање го сметаме за дефинитивно затворено. Се работи за историска одлука на луѓето кои живеат на Крим. И никакви разговори по тој повод Русија нема намера да води со никого. Меѓутоа, на памет ми доаѓа познатата руска изрека „да даде Господ ваше теле да изеде наш волк“, рече Путин“.
„Затоа, ве молам, подобро да не се навраќаме на тоа“, заклучи рускиот претседател.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче