Земјите еден ден треба да станат свесни за заканата од тероризмот и да ги надминат меѓусебните противречности, изјави Путин, додавајќи дека за спречување на протокот на бегалци во Европа е потребно да се создадат услови Сиријците, Ирачани, Либијците да можат да живеат нормален живот во нивните земји.
„Без да се реши овој проблем со бегалците, тој само ќе расте. Африка е голема, нема да ја задржите цела Африка“, додаде тој.
За обнова на односите со ЕУ, Путин истакна дека Русија прва не воведе санкции: „Санкциите не се наш проблем, ние не ги воведовме санкциите. Ние презедовме возвратни мерки. Штом нашите партнери созреат за укинување на одлуките што ги донесоа, да ги укине ограничувањата воведени спрема Русија, ние веднаш ќе направиме исти гестови, ист чекор спрема европските партнери“, рече Путин на прес-конференција во Грција.
Рускиот претседател исто така нагласи дека освен изјавите на Анкара со желба за обнова на односите, Турција треба нешто и да направи.
„Слушавме објаснувања од турските власти, не слушнавме извинување. И не слушнавме подготвеност за надоместување на штетата. Слушаме изјави со желба за обнова (на односите). Ние не ги уништивме. Направивме сè со децении да ги донесеме руско-турските односи на невидено ниво на партнерство и пријателство. И токму тоа пријателство меѓу рускиот и турскиот народ, тоа навистина достигна многу високо ниво. Многу го ценевме тоа. Зошто направија така, сѐ уште не знам“, додаде рускиот претседател.
„Но, се случи тоа што се случи. Згора на тоа, не само што беше соборен авионот, беше убиен и пилотот кој се катапултираше. А тоа според меѓународното право не е ништо друго освен воено злосторства“, рече Путин.
„Ние чекаме некакви конкретни чекори од нивна страна. Засега нема такви“, потенцираше шефот на руската држава, пишува „Взгљад“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче